Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсена жена од Гевгелија, украла мобилен на вработена во болница

Уапсена жена од Гевгелија, украла мобилен на вработена во болница

МВР информира дека е приведена жена во Гевгелија, откако од вработена во болницата украла телефон.

- На 17.07.2026 во 16:10 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишија од слобода М.П.(45) од Богданци, поради сомнение дека истиот ден околу 10:00 часот од просторија во ЈЗУ „Општа болница“ Гевгелија одзела мобилен телефон, сопственост на вработена во болницата, објави полицијата.
Во службен разговор таа го признала делото и од неа бил одземен мобилниот телефон, кој ќе биде вратен на сопственичката. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.


Слично

Поврзани вести