Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсена велешанка која требало да внесе дрога во затвор

Уапсена велешанка која требало да внесе дрога во затвор

Основното јавно обвинителство Велес поведе истрага против велешанка која требало да купи дрога и да ја внесе во затвор каде што казна отслужува нејзиниот сопруг. Покрај сопружниците, осомничено е уште едно лице-таксист кој помагалч дрогата да биде набавена.

На 29 октомври, кај 30-годишната женабиле затекнати марихуана во количина од 978,6 грама и хероин во количина од 0,31 грама. Сопругот ја поттикнал од затвор, а да ја набави дрогата и помогнал третоосомничениот кој ги обезбедил парите за купување.

„Сопругот телефонски ја известил осомничената дека треба да оди во Скопје за од таму да ја преземе дрогата која потоа требало да му ја предаде нему во затворот. Таа го ангажирала третоосомничениот со неговото такси-возило да ја превезе. Во близина на Катланово, оштетената излегла од такси-возилото, па ја купила дрогата од непознато лице за сума од 1800 евра и се вратила во возилото каде му кажала на третоосомничениот дека ја набавила дрогата. Со автомобилот се упатиле кон Велес, но на наплатната станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес извршиле контрола, ја пронашле и ја одзеле наркотичната дрога“, објави велешкото обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор против првоосомничената и третоосомничениот.​​


Слично

Поврзани вести