Уапсена 23-годишна скопјанка за измами на социјалните мрежи
МВР соопшти дека е уапсена 23-годишна скопјанка за три кривични дела „измама“ и едно дело „измама“ во обид во Тетово. Таа лажно на социјалните мрежи огласувала станови за изнајмување во Тетово и апартмани во Охрид и за тоа однапред барала уплати на банкарска сметка. Полицијата ја уапси по претходен договор со странка да и испрати празно плико преку возач на автобус.
- По преземени мерки и активности, на 07.01.2026 полициски службеници од СВР Тетово во координација со СВР Скопје и со Единицата за економски криминал – Сектор за општ и насилен криминал при МВР расчисти три кривични дела „измама“ и едно „измама“ во обид, при што во Скопје ја лишиле од слобода А.Ј.(23) од Скопје. Имено, таа на социјална мрежа објавила оглас дека издава станови под наем во Тетово и телефонски ги убедувала да уплатат средства на сметка во една банка или преку возач на автобус да ги пратат во коверт во Скопје. Исто така, таа измамила е едно лице при уплата за резервација во хотел во Охрид.
Додека, по остварен контакт со трето лице од Тетово за издавање стан, лицето пријавило во СВР Тетово, кои пак во координација со Единицата за економски криминал, преку возач на автобус испратиле празно плико, а откако таа дошла до возачот била лишена од слобода, соопшти МВР.
А.Ј. била задржана во полициска станица и по целосно документирање на случаите против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Слично
