Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕН ЖИТЕЛ НА КОСОВО ЗА НЕЛЕГАЛЕН ТРАНСПОРТ - во неговото возило откриена голема количина брендирана роба

УАПСЕН ЖИТЕЛ НА КОСОВО ЗА НЕЛЕГАЛЕН ТРАНСПОРТ - во неговото возило откриена голема количина брендирана роба

Жител на соседно Косово е уапсен откако полицајци го фатиле како пренесува брендирана роба, но притоа не поседувал никаква документација. 
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека лицето било фатено на 07.06.2026 во 19:15 часот на патот Граничен премин Блаце - Скопје, кај тунелот „Блаце“. 
Имено, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во БЈБ го уапсиле Р.Ш.(42) од Косово бидејќи во неговото возило откриле поголема количина брендирана облека. 
Иако од МВР се уште не споделуваат многу детали, најавуваат дека за него ќе селдува пријава. 

- При преглед во товарно возило „фолксваген“ транспортер со косовски национални ознаки, кое го управувал Р.Ш., била пронајдена поголема количина на брендирана и друга разновидна стока за која не поседувал никаква документација. 
Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по член 278 и 278а од Кривичниот законик, тој е задржан во полициска станица, а пронајдената стока е одземена. 
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава - најавуваат од МВР.


Слично

Поврзани вести