Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен вработен во фабрика за канабис од Ново село

Уапсен вработен во фабрика за канабис од Ново село

СВР Охрид објави дека е поднесена кривична пријава против С.Л.(60) од Охрид поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ како вработен во фабрика за канабис од Ново село.

- Тој, претходно, вработен како инженер - агроном во фабрика за одгледување на медицински канабис во Ново село, општина Дебрца, неовластено изнел од фабриката марихуана и ја чувал во неговото престојувалиште во Охрид со цел нејзино користење и натамошна продажба. 

При претрес во просториите, извршен по судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана, по што тој е лишен од слобода, соопшти МВР.

Слично

Поврзани вести