УАПСЕН ВОЗАЧ НА МЕРЦЕДЕС ОТКАКО УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР: Две тешки несреќи се случија ноќеска во Охрид
Две сообраќајни несреќи во кои со тешки повреди се здобиле повеќе учесници во несреќите се случиле ноќеска во Охрид.
По едната сообраќајка уапсен е еден од возачите учесници во несреќата, деталите за оваа сообраќајка велат дека имало повредени три лица, а притоа во несреќата учествувало и возило во сопственот на МВР.
- На 17.12.2023 во 00.40 часот, на крстосницата на булеварот „Железничка“ со улицата „Будва“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.А.(48) од Охрид и патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од Д.Н.(37) од Охрид - соопштија од СВР Охрид.
Додават дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „форд“ Д.Н., а В.А. (42) од Охрид, сопатник во возилото „форд“, се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
- Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, а возачот С.А. бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава - посочуваат од СВР Охрид.
Од истата институција воедно посочија дека исто доцна ноќеска до сообраќајна незгода дошло и во 01.00 часот, на регионалниот пат Охрид-Свети Наум.
Во оваа сообраќајна несреќа се судриле патничко возило „сузуки“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(40) од селото Велгошти, охридско и патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.И.(22) од селото Долно Коњско.
- Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Ј.К.- возач на возилото „сузуки“ и сопатникот А.Ј.(28) од Охрид, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ и Општа болница - Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид - посочуваат од СВР Охрид.
