Уапсен Вевчанецот кој упатуваше смртни закани до Заев и Пендаровски
Уапсен е вевчанецот кој на социјалните мрежи објави видео на кое јавно испраќа смртни закани до премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски. Според објавеното, извесен г-дин Поповски од Вевчани јавно повикуваше на убиство на водечките функционери во државата.
„Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, на 04.01.2020 полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија Г.П.(45) од Вевчани. Тој, на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица“, објави МВР.
Од таму дополнуваат дека при претрес во неговиот дом пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
