Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен уште еден тинејџер кој се заканувал дека ќе убива во средно училиште, пронајден е цел арсенал оружје

Уапсен уште еден тинејџер кој се заканувал дека ќе убива во средно училиште, пронајден е цел арсенал оружје

МВР денес извести дека лишен е од слобода 15-годишник од тетовско поради закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште  Според фотографиите кои ги приложи јавно полицијата, проонајден е арсенал оружје во куќата на неговиот татко. Пред два дена беше уапсен 18-годишник од Палатица кој се заканувал дека ќе убива во средното медицинско училиште во Тетово.

„Вчера (13.03.2026) околу 13:55 часот во с. Џепчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по судска наредба, извршија претрес во дом и помошни простории кај Б.М. (44) од с. Џепчиште.

При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. За време на претресот присуствувале и претставници од Центарот за социјални работи Тетово.

Во врска со случајот, лишен од слобода е неговиот 15-годишен син, поради сомнение дека испраќал закани дека ќе постави експлозивна направа и ќе изврши напад во средно училиште во Тетово“, 

Пред два дена тетовската полиција привела 18-годишно момче од тетовското село Палатица, откако неколку професори од Средното медицинско училиште во Тетово пријавиле дека добиле информации за ученик кој се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето.

„Вчеравечер во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште ‘Никола Штејн‘ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М. Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во село Палатица, Тетовско, во дом и помошни простории на Р. Р. (49). При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М. Р. (18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. М. Р. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, соопштија тогаш од СВР Тетово.

Во февруари годинава, на неколку пати во некои тетовски основни и средни училишта имаше пратено дојави за поставени експлозивни направа, поради што имаше и прекини во наставата. Тетовската полиција набрзо го приведе лицето М. Р. од село Палатица за кое посочи дека ги праќало заканите. Засега нема официјални информации, но неофицијално се зборува дека се работи за истото лице кое сега се заканувало со поставување бомби и со убиства во Средното медицинско училиште.


Слично

Поврзани вести