Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен угостител во Гостивар поради фалц документација за ПП апаратите

Уапсен угостител во Гостивар поради фалц документација за ПП апаратите

Полицијата во заедничка контрола со Дирекцијата за заштита и спасување откриле угостител во Гостивар кој поседувал лажна документација за противпожарната опрема при што бил повикан на разговор.

„На 03.04.2025 во 17 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Р.(70), сопственик на угостителски објект од Гостивар. Во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување-Скопје, била извршена контрола на противпожарните апарати во угостителски објект во Гостивар, при што било утврдено дека картонот за сервисирање не е оригинал“, извести полицијата.

Б.Р. е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.


Слично

Поврзани вести