Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен тетовецот кој фрлаше вреќи со шут во Пена

Уапсен тетовецот кој фрлаше вреќи со шут во Пена

МВР соопшти дека е уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена  На 30.06.2026 во 18:00 часот на улица „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С. (54) од Тетово за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“.

„По претходно објавено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како лице кое дошло со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, фрла вреќи со непознат отпаден материјал во реката Пена, во близина на ул. „Видоје Смилевски- Бато“, СВР Тетово презеде соодветни мерки и активности и го пронајде сторителот, кој во службен разговор го призна делото“, информира полицијата.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против Б.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Слично

Поврзани вести