Уапсен таткото со двете ќерки кои „шефуваат“ со кравите низ кривопаланечко
МВР објави дека е поднесена пријава против таткото и ќерките за попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и вино при извршување службени дејствија.
Тие не дозволувале да се соберат кравите кои долго време се движеле слободно и правеле штета, упаѓајќи на туѓи имоти во сопственост на преостанатите жители.
На 02.12.2025 околу 16:00 часот во село Трново, кривопаланечко, кај место викано „Самоков“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода Г.Ѓ.(57), А.Ѓ.(30) и А.Ѓ.(22), сите од с.Жидилово, кривопаланечко.
Имено, тројцата агресивно се однесувале и попречувале полициски службеници при вршење службени дејствија кои давале асистенција на вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство. Исто така, тие ги попречувале вработените во АХВ кои биле ангажирани за собирање на крупен добиток, а упатувале и закани кон неколку соселани. За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава“,извести министерството.
Слично
