Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен старец со запалка по пожарот кај „Француски гробишта“

Уапсен старец со запалка по пожарот кај „Француски гробишта“


Министерството за внатрешни работи објави дека го лишиле од слобода Х.Р.(87) од Скопје, поради сомнение дека го предизвикал пожарот во близина на „Француски гробишта“ на истата улица

Настанот се случил вчера во 11.40 часот на ул.„Самоилова“ во Скопје каде горела сува трева а набргу била изгасната од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

„Тој бил затекнат на местото каде што настанал пожарот и кај него била пронајдена запалка. Х.Р. бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото“, соопшти МВР.

Полицијата најавува дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Слично

Поврзани вести