Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен прилепчанец опседнат со крадење автомобили

Уапсен прилепчанец опседнат со крадење автомобили

МВР расчисти три кражби на возила во Прилеп, откако уапсениот сторител ги признал делата кои се случувале во изминатиот период.

„Од страна на полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп -Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп по претходно преземени оперативни мерки и активности, вчера (03.11) го лишиле од слобода Е.Ќ.(28) од Прилеп. Тој се сомничи дека на 14.07.2023 одзел патничко возило „застава 128", на 28.10.2023 одзел патничко возило „тико" и на 03.11.2023 одзел патничко возило „опел астра".

Осомничениот во целост ги призна делата. Две од одземените возила се пронајдени и вратени на сопствениците, а се работи на пронаоѓање и на третото возило“, објави полицијата.

По комплетирање на службениот материјал против осомничениот ќе следи кривична пријава по член 242, "одземање на патничко моторно возило".


Слично

Поврзани вести