Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен потпалувач на пожар на отворен простор

Уапсен потпалувач на пожар на отворен простор

МВР извести дека е приведено лице од скопско кое предизвикало пожар на отворен простор.

„На 10.08.2022 во 19.20 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници од Полициска станица Драчево е лишен од слобода Ф.С.(59) од село Долно Количани, скопско.“ узвести полицијата.
Потпалувачот бил пријавен ден претходно, откако покрај патот кој води за село Парагуша било забележано едно лице кое управувало патничко возило „шкода фелиција“, со скопски регистарски ознаки, како со запалка ја запалило сувата трева покрај патот.
„Биле преземени мерки и активности и лицето е пронајдено и приведено. Притоа, пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје.

Во координација со Јавен обвинител по целосно документирање на случајот, против Ф.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок“, додава МВР.


Слично

Поврзани вести