Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини – се сомничи за проневера на 700.000 евра

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини – се сомничи за проневера на 700.000 евра

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, денеска е уапсен во акција на Министерството за внатрешни работи, спроведена во координација со Обвинителството.

Тој се сомничи за проневера и злоупотреба на околу 700.000 евра, средства обезбедени од УЕФА за поддршка и изградба на трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид.

Од МВР информираат дека полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, заедно со криминалистичката полиција, го лишиле од слобода лицето М.С., поради сомнение за сторени кривични дела.

– Полициски службеници, во координација со ОЈО Скопје, го лишија од слобода М.С. поради сомнение за проневера и злоупотреба – велат од МВР.

Од Обвинителството посочуваат дека истрагата е во тек и дека се преземаат дополнителни дејствија.

– Се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител, а повеќе информации ќе бидат соопштени по нивното завршување – информираат од ОЈО.

Според претходни информации од ФФМ, случајот се однесува на договор за изградба на трибина во Охрид, при што, иако првично не било предвидено авансно плаќање, Сејдини потпишал договор со услов за 20 отсто аванс, кој бил исплатен без банкарска гаранција и без соодветно овластување.

Муамед Сејдини беше на чело на ФФМ во периодот од 2019 до 2025 година, а неодамна беше суспендиран на две години поради утврдени неправилности во работењето.

Фото: Скопје инфо

Слично

Поврзани вести