УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ, ВОЗЕЛ БЕЗ ВОЗАЧКА: Полицијата му го одзема возилото
Утринава, во 06:45 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода С.Д.(23) од с.Тработивиште, делчевско, информираше МВР.
„При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал, при што е констатирано дека го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување возило, односно без возачка дозвола“, велат од полицијата.
Оттаму додаваат дека запознаен е јавен обвинител, по чија насока возилото е одземено, а лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
