УАПСЕН ПИРОМАН ОД ШТИП - затекнат на лице место како потпалува сува трева покрај пат
Млад жител на Штип е уапсен откако бил затекнат како потпалува сува трева покрај пат, сопственост на друг жител на Штип, соопштува Министерството за внатрешни работи, од каде најавуваат и пријава.
- На 11.06.2026 во 12:30 час во с.Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С.(25) од Штип.
Тој бил затекнат околу 12:00 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З.(36) од Штип покрај магистрален пат Штип - Кочани во атар на с.Долни.
Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина сопственост на С.З..
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава - се посочува во објавата на МВР.
Слично
