УАПСЕН ПИРОМАН ОД ШТИП - се терети за предизвикување на пожарот кај месноста „Елки“
Како што посочуваат од Министерството за внатрешни работи, се работи за лице со здравствени проблеми, но не прецизираа за каков тип. Лицето е сместено во Психијатриската болница во Штип.
- На 30.08.2025 околу 15:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Б.С. (25) затоа што околу 14:30 часот предизвикал пожар во месноста „Елки“, при што била опожарена сува трева и ниска вегетација.
Веднаш по добиената пријава за настанат пожар, полициските службеници презедоа соодветни мерки и активности и констатирано е дека Б.С. , лице со здравствени проблеми, запалил трева, по што пожарот се проширил кон ридот.
Известен е јавен обвинител, Б.С. по насока на медицинско лице е пренесен во Психијатриска болница Штип и по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок - посочуваат од МВР во соопштението.
Во текот на вчерашниот ден МВР соопшти дека се уапсени двајца пиромани од Кавадарци и кавадаречко.
