Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕН ПИЈАН ВОЗАЧ КОЈ УДРИЛ ПЕШАК ВО ОХРИД - избегал од местото на несреќата, но МВР го најде

УАПСЕН ПИЈАН ВОЗАЧ КОЈ УДРИЛ ПЕШАК ВО ОХРИД - избегал од местото на несреќата, но МВР го најде

Возач од охридско е уапсен откако удрил пешак и избегал. Откако случајот бил пријавен во полиција, биле преземени мерки и лицето е пронајдено при што е утврдено дека имал 2,78 промили алкохол во крвта.

- На 13.04.2026 во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(52) од с.Горно Лакочереј, охридско, удрило во пешакот А.Н.(55) од с.Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот. 
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Охрид, возачот З.Ј. е пронајден и по наредба на јавен обвинител е лишен од слобода и возилото е одземено, а при извршени проверки било констатирано дека З.Ј. е под дејство на алкохол, односно има 2,78 промили алкохол во крвта - се посочува во објавата на Министеерството за внатрешни работи. 

Воедно во изветшајот на МВР е нагласено дека и кај пешакот А.Н. е утврдено дека има 1,34 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Слично

Поврзани вести