Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен педофилот што во гаража во Карпош силуваше 12 годишно девојче

Уапсен педофилот што во гаража во Карпош силуваше 12 годишно девојче
За неполни три дена, полицијата го откри и уапси непознатиот човек кој силуваше 12-годишно девојче во гаража близу Млечниот ресторан во скопската населба Карпош. Насилникот, чие име не е соопштено, а за кој девојчето верува дека има околу 40 години, му е одреден едномесечен притвор. Силувањето на дванаесет годишната ќерка во полиција го пријави В.Т. Девојчето возејќи велосипед во населбата, во еден момент застанало до непознатмаж, кој одел пеш, и од него побарало 20 денари. Човекот и рекол дека ќе и даде, но ако со него дојде до блиската гаража. Верувајќи му на чичкото, девојчето тргнало со него. Наместо 20 денари, „дарежливиот“ човек и дал 500 денари и потоа брутално ја силувал во гаражата. На заминување и се заканил да не кажува никому ништо. Девојчето, сепак, и раскажало се на мајка си, која случајот го пријавила во полиција, а набрзо педофилот е уапсен и ставен зад решетки. Тој ќе одговара за кривично дело-полов напад на дете кое не наполнило 14 години.
Слично

Поврзани вести