Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен овчар за предизвикување пожар

Уапсен овчар за предизвикување пожар

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен овчар од Тетово за предизвикување општа опасност откако на 11 март, во атарот на селото Катланово запалил оган кој се проширил од ветрот што довело до опожарување на површина од 4,7 хектари од кои еден дел била дабова шума и ниска вегетација. Со пожарот била причинета штета проценета на околу 196.000 денари.

„Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје побара да бидат определени мерки на претпазливост – обврска осомничениот повремено да се јавува во Судот и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело“, соопшти обвинителството.


Слично

Поврзани вести