Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен навивач на тетовска Шкендија, предизвикал национална нетрпеливост во Скопје

Уапсен навивач на тетовска Шкендија, предизвикал национална нетрпеливост во Скопје

Навивач на Шкендија, државјанин на Германија, со мотоцикл со тетовска регистрација предизвикувал национална нетрпеливост во Скопје на булеварот „Илинден“ пред межот помеѓу Шкендија и Карабах во рамки на фудбалските квалификации за Лигата на шампионите на Националната арена.

Од МВР бил уапсен поради симболите кои ги истакнувал на својот мотоцикл, иако од полицијата не даваат повеќе детали за овој случај.

„На 05.08.2025 во 19.45 часот на бул.„Илинден“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(37) од Сојузна Република Германија поради сомнение за сторено кривично дело по член 319 од Кривичниот законик. На мотоциклот со тетовски регистарски ознаки, кој го управувал, имал истакнато симбол што предизвикува национална верска и расна омраза и нетрпеливост. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, информира министерството.



Слично

Поврзани вести