Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен наставник од средно училиште во Скопје, барал секс од ученичка

Уапсен наставник од средно училиште во Скопје, барал секс од ученичка

МВР објави дека е уапсен наставник од средно училиште во Скопје затоа што вознемирувал и барал секс од 18-годишна ученичка.

- На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи, објави полицијата.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.


Слично

Поврзани вести