Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен напаѓач со нож на плоштадот „Скендербег“

Уапсен напаѓач со нож на плоштадот „Скендербег“

МВР соопшти дека на плоштадот „Скендербег“ во Скопје лишено е од слобода лицето кое вчеравечер во Скопје физички и со нож нападна жител на Сопиште.

- На 08.10.2025 во 22:05 часот на плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишија од слобода Д.С.(23) од Скопје. Тој се сомничи дека непосредно пред тоа во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ и на бул.„Гоце Делчев“ под Стоковната куќа „Мост“ физички го нападнал Т.К.(33) од с.Долно Соње, општина Сопиште, при што употребил нож и му нанел убодни рани,информира полицијата.

Ножот бил пронајден и одземен, а лицето е задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


Слично

Поврзани вести