Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен напаѓач од Собранието на 27 април, фатен на аеродром во Стокхолм

Уапсен напаѓач од Собранието на 27 април, фатен на аеродром во Стокхолм

Дејан Давидовски, еден од недостапните напаѓачи како дел од толпата која влезе во Собранието на 27 април, е уапсен на аеродром во Стокхолм. МВР по обвинетиот распиша потерница уште на почетокот на јануари во 2018 година. Бил уапсен на 7 април а во земјава веќе се преведуваат докази со кои ќе се бара негова екстрадиција.

– На аеродром во Стокхолм е уапсен Дејан Давидовски, кого македонските власти го бараат по потерница од Интерпол за настаните во Собранието од 27 април, потврдија за МИА од Јавното обвинителство.

Давидовски во Стокхолм пристигнал од Софија. Судот во негово отсуство веќе определи мерка притвор и веднаш штом ќе бидат доведен ќе биде спроведени во Истражниот затвор во Шуто Оризари.

Давидовски бил во групата маскирани лица, кои упаднаа во Собранието и против него е покренато обвинение за  сторено кривично дело по  член „313″ од Кривичниот законик. 

Своевремено Интерпол распиша потерница по него заедно со уште четворица обвинети за упадот во Собранието - Никола Митревски, Младен Додевски, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.


Слично

Поврзани вести