Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕН МАЖ ОД ДЕБАР ПОРАДИ ОБЉУБА НА МАЛОЛЕТНИЧКА: Ќе следува соодветна пријава

УАПСЕН МАЖ ОД ДЕБАР ПОРАДИ ОБЉУБА НА МАЛОЛЕТНИЧКА: Ќе следува соодветна пријава

Жител на Дебар е уапсен поради обљуба на малолетничка од истот град. 

Како што соопштуваат од Секторот за внатрешни работи од Охрид, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи-Дебар го лишиле од слобода поради обљубена малолетничка.

- Вчера во 19.00 часот, по претходна консултација со јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Л.Р. (28) од Дебар. Тој се сомничи дека во неговиот дом извршил обљуба над малолетничка - изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додаде дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Неофицијално медиумите пренесуваат дека девојчето било на 15-годишна возраст.

Слично

Поврзани вести