Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен Македонец во Турција, се вика Бобан Томовски, а му бил десна рака на нарко Босот Седат Пекер

Уапсен Македонец во Турција, се вика Бобан Томовски, а му бил десна рака на нарко Босот Седат Пекер

Македонскиот државјанин Бобан Томовски, со престој во Берлин, Германија, соработник на нарко босот Седат Пекер, бил приведен на аеродромот во Истанбул и се очекува в сабота да биде испорачан во Македонија, пишуваат турските медиуми. Томовски бил приведен во обид да патува за Египет.

Во Турција има потерница по Седат Пекер како водач на голема криминална организација, а се претпоставува дека е тој избеган во Обединетите Арапски Емирати.

Турските медиуми пишуваат дека и Томовски бил вмешан во шверцот со дрога на организацијата на Пекер и дека заедно делувале за време на престојот во Македонија на Пекер. 

„Конечно, лидерот на криминалната организација Бобан Томовски, познат по својата блискост со Седат Пекер, беше фатен на аеродромот Сабиха Гикчен. Томовски, кој наводно бил вмешан во шверц на дрога, бил приведен при обид да замине во Египет”, пишуваат турските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Тој бил приведен на аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул.

Според турските медиуми, утврдено е дека шверцерот со дрога Томовски, кој имал чести средби со Пекер во Македонија, бил на пат да замине во Египет преку Турција.

Според медиумските извештаи, Томовски споделувал многу објави со Пекер на социјалните мрежи и имал многу влезови и излези од Турција.

Името на Пекер е дел од аферата со издавањето на фалсификувани пасоши со лажен идентитет од страна на македонската полиција на бројни криминалци и нарко босови од регионот и пошироко.

Слично

Поврзани вести