Уапсен Македонец со лажни бугарски документи при обид да влезе во БиХ
Македонец со лажни бугарски документи се обидел да влезе во БиХ, при што е приведен.
Тој со фалсификувани бугарски документи се обидел да влезе на територијата на Босна и Херцеговина, но при проверка на документите граничната полиција во Бијелина го открила и го привела.
Македонскиот државјанин имал лажен бугарски пасош, фалсификувана лична карта и лажна возачка дозвола.
Документите се откриени при проверка на автобус што патувал на линијата Белград-Бања Лука, јави БГНЕС.
Слично
