Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен кумановец кој шест месеци демнел девојка

Уапсен кумановец кој шест месеци демнел девојка

МВР информира дека е уапсено лицето од Куманово кое подолго време следеше и вознемируваше девојка од Куманово.

- На 01.10.2025 во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.К.(32) од Куманово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради постоење сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик, односно дека подолго време следел и вознемирувал 28-годишна девојка од Куманово, објави полицијата.

Девојката го пријавила случајот на 9 април, по што од страна на судија од Основен суд Куманово била изречена мерка претпазливост за недоближување. 

- По преземени мерки, вчера тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.


Слично

Поврзани вести