Уапсен крадец на фотопанели
Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 10:10 часот го лишиле од слобода П.Ј.(33) од Росоман.
Тој се сомничи дека од нива во село Крушевица, општина Росоман, со подесен алат одзел фотоволтаични панели. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.
П.Ј. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
