Уапсен главниот осомничен за нападот на Села
Кире Георгиевски, главниот осомничен за нападот на пратеникот Зијадин Села е уапсен утринава, објави Коха.
Заедно со него е уапсен и неговиот татко, кој што се гледа во првичните снимки што ги објавија медумите од нападот во Собранието.
Георгиевски и неговиот татко, како што дознава Коха од полициски извори, се гледаат на повеќе видео снимки од безбедносните камери во Парламентот како го удираат Села во лицето.
Инаку во текот на вчерашниот ден е идентификуван трет напаѓач – лице со капа на главата, кој се гледа како го влече Села. Лицето на овој човек не се гледа на снимките објавени од страна на медиумите. Станува збор за едно лице од Гостивар кое живее во населбата Ѓорче Петров во Скопје, пишува Коха.
Слично
