Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен функционер на ДУИ од Министерството за администрација

Уапсен функционер на ДУИ од Министерството за администрација

Полицијата утрово го уапси Јахи Јахија, кадар на ДУИ и државен секретар во Министерството за информатичко општество. СДК објави дека приведувањето е по налог на обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, а за функционерот ќе се бара и притвор.

Кумановецот земал мито од десетици илјади евра во периодот 2014-2015 и се гони за злоупотреба на службената положба и овластувања, земање провизија од добиен тендер и за злоупотреба на европски ИПА фондови.

МВР вршело претрес во министерството и во неговиот дом, а веста ја потврдуваат и сведоци кои го затекнале приведувањето на Јахија на неговото работно место.


Слично

Поврзани вести