Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен Филип Андов Сокол, претходниот директор на затворот Шутка

Уапсен Филип Андов Сокол, претходниот директор на затворот Шутка

Медиуми известуваат дека е уапсен Филип Андов - Сокол, доскорешниот директор на затворот Шутка во Скопје.

Тој наводно е успасен заедно со уште едно лице вработено во затворот, неофицијално утрово објавуваат медиуми повикувајки се на свои полициски извориviber sharing button

Истрагата можно е да се прошири и на повеќе лица кои се дел од затворскиот систем на земјава. МВР сè уште се нема огласено за апсењата.

Според се уште непотврдени информации, тие се сомничат за серија кривични дела меѓу кои злоупотреба на службена положба, овозможување бегство и противзаконско ослободување.

Од Основното јавно обвинителство информираат:

„Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје. Подетални информации во текот на денот“, се вели во соопштението на ОЈО.

Слично

Поврзани вести