УАПСЕН ЕКС ДРЖАВНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Осомничен е за поткуп од десетици илјади евра
Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа е уапсен и осомничен за незаконски поткуп од неколку десетици илјади евра, објави Прес 24.
Фехми Стафа во изминатиот период се споменуваше и како еден од заинтересираните кандидати за член на Судскиот совет, на местото што се испразни по истекот на мандатот на Селим Адеми. Постапката за избор на нов член на Судскиот совет ја води Собранието, но таа сè уште не е финализирана.
Стафа беше државен правобранител на Република Македонија од август 2018 година до 2022 година.
Слично
