Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен е Фејзи Азири

Уапсен е Фејзи Азири

Фејзи Азири обвинет за случајот „Монструм” кој беше осуден со правосилна судска пресуда на шест и пол години затвор за нелегално оружје, вечерва бил уапсен на Клиниката за пулмологија и алергологија и ставен е под полициски надзор, јавува Телевизија Алфа.

Штипскиот затвор уште на 28 февруари го известил Судот и Управата за санкции дека Азири е во бегство, но неговото апсење се случи месец ипол подоцна. Директорот на штипскиот затвор, Мики Тодоров денеска за МКД.мк изјави дека лицето Фејзи Азири кој во затворот во Штип издржува казна за друго кривично дело по истекот на прекин на казната не се вратил назад во затворот.

Слично

Поврзани вести