Уапсен е државен функционер за земање мито
Директор на една државна агенција именуван од актуелната власт попладнево е проведен под сомнение за примање поткуп, неофицијално дознава Press24.
Станува збор за И.С. кој раководел со држана платежна агенција. Официјана потврда се уште нема, но и Обвинителатвото и МВР потврдуваат дека се спрпведува голема акција.
„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа“, велат од ОЈО ГОКК.
Дел од медиумите објавија дека се работи за Илија Стоилев, кој е пријавен од апликант на кому му побарал мито за да му додели договор за финансиска поддршка преку програмата ИПАРД, по што апликантот, инаку познат поранешен функционер, го пријавил во полиција.
Информацијата ја потврди и МВР.
