Уапсен е Драган Паунов, инспекторот на УЈП
Драган Паунов,вработен во УЈП Штип,еуапсениот инспектор во денешната акција на кочанското обвинителство и МВР, а поврзана со кочанската дискотека ,,Пулс”.
Паунов е брат на в.д. претседателката на Кривичниот суд – Скопје, Даниела Димовска, а истрагата покажала дека тој бил во постојан контакт со синот на газдата на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко.
Комуникацијата меѓу нив е дел од доказниот материјал. Името на вработениот во УЈП осамна во сторијата на ИРЛ, кога беа објавени пораки помеѓу Михајло Јованов и инспектори од УЈП, ДПИ и полицијата.
- Полиција во овој момент е во просториите на УЈП Штип, каде според неофицијални информации апси неколку лица. Помеѓу останатите се споменува и бивш раководител на оваа институција. Подетални информации подоцна - соопшти претходно полицијата.
Детали за овој настан се уште не се споделуваат, но има бројни претпоставки за овие активности, но додека официјалните органи не излезат со повеќе информации, станува збор само за шпекулации.
