Уапсен дрвокрадец без возачка дозвола
МВР објави дека е лишен од слобода дрвокрадец од скопско, кој пренесувал огревни дрва без жиг и документација, а при тоа немал возачка дозвола, додека сообраќајната му била истечена.
- На 27.04.2026 во с. Бродец, скопско, полициски службеници од ПО Мирковци го лишија од слобода Ф.Ј. (26) од скопско, затоа што со патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, пренесувал огревни дрва без жиг и документација.
Во понатамошната постапка е утврдено и дека возилото е со истечена важност на сообраќајната дозвола, а Ф.Ј. немал возачка дозвола. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, против Ф.Ј. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информира полицијата.
Слично
