Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен бугарски државјанин кој организирал измами со лажни сообраќајки

Уапсен бугарски државјанин кој организирал измами со лажни сообраќајки

МВР објави дека во Куманово е приведен измамник - бугарски државјанин,кој организирал измами со наводни сообраќајни несреќи со кои изнудувал пари.

„На 12.02.2025 во 15.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со Оддел за криминалистичка полиција и СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(59) од Република Бугарија. Тој се сомничи дека на територија на Куманово во соработка со повеќе лица извршил измами со наводни сообраќајни незгоди над повеќе лица“, објави полицијата.
П.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.


Слично

Поврзани вести