Економија, финансии, бизнис

Контакт

УАПСЕН АРТАН ГРУБИ: МВР го фати на Блаце

УАПСЕН АРТАН ГРУБИ: МВР го фати на Блаце

Утрово Министерството за внатрешни работи го приведе Артан Груби на граничниот премин Блаце.

Груби, поранешен прв вицепремиер во владата предводена од СДСМ и ДУИ, е осомничен за „проневера во службата“ во случајот поврзан со Државна лотарија. Според наводите, заедно со Перпарим Бајрами се товарат за криминал тежок околу осум милиони евра, поврзан со набавка на ВЛТ апарати.

Истрагата го товари дека како претседавач на владина седница го одобрил барањето за набавка на ВЛТ апаратите, иако бил запознаен дека јавната набавка е незаконска и дека Државната лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.

Дополнително, со владина одлука донесена во периодот кога раководел со седницата, било отуѓено државно земјиште на фирма во сопственост на сопругата на тогашниот премиер Димитар Ковачевски, за изградба на фотоволтаици, по цена од 70 денари за квадратен метар.

Груби од 9 декември 2024 година се наоѓа и на „црната листа“ на САД, поради, како што е наведено, „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси“.

Фото:Прес24

Слично

Поврзани вести