Уапсен 23-годишник: Мајка му завршила на Клиника откако ја претепал
МВР информира дека 23-годишно лице ја претепал мајка си во семејниот дом на Бит Пазар. Жената заврпила во болница со тешки повреди.
М.А.(23) од Скопје бил уапсен од страна на полицијата денес по полноќ откако и нанел тешки телесни повреди на жената.
- На 20.03.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(23) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во смејениот дом на подрачјето Бит Пазар физички ја нападнал неговата 51-годишна мајка и ѝ нанел тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од МВР.
Слично
