Уапсен 19-годишниот возач по сообраќајката на автопатот Тетово - Гостивар во кој почина жена од Охрид
Младиот жител од село градец е уапсен по синоќешната тешка сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Тетово - Гостивар во која имаше и жртва и тешко поврдени лица.
Од МВР соопштуваат дека полициски екипи го уапсиле 19-годишниот А.А. поради сообраќајна несреќа на атопатот Тетово - Гостивар во која вчера попладне загина 81-годишна жена од Охрид.
- Во 15.50 часот вчера во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо” со охридски регистарски таблички, управувано од Г.В.(47) од Охрид и патничко возило „Мерцедес” со регистарски таблички од Словенија, управувано од А.А. (19) од с. Градец.
На местото на настанот починала Д.М. (81) од Охрид, сопатничка во возилото „Пежо”, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гостивар.
Со тешки телесни повреди се здобиле В.В. (47) и С.В. (69) од Охрид, сопатници во возилото „Пежо”, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош - се посочува во соопштението од МВР.
Извршен е увид од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба возачот А.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
