Економија, финансии, бизнис

Контакт

Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело насилство, откако нападнал луѓе пред маркет во Кисела Вода со бехатон плочки.

Како што информира државното Јавно обвинителство, на 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, осомничениот заедно со уште неколку непознати лица извршил грубо насилство врз две лица, а кај 10-годишно дете кое било сведок на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

-Додека оштетените седеле пред маркетот, осомничениот со неколку непознати лица ги нападнале и започнале да ги удираат со тврди предмети – бекатонски плочки, нанесувајќи му тешки телесни повреди на едното и телесни повреди на другото нападнато лице, информира Обвинителството. 

Јавниот обвинител предложил на осомничениот да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето,  обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените. 


Слично

Поврзани вести