Тврдокорниот „Бате Геле“ протестираше со маичка со Груевски
На вчерашните протести пред Кривичниот суд од страна на симпатизери, членови и поддржувачи меѓу присутните на протестот беше и штипјанецот Анѓеле Зафировски, познат во јавноста како Бате Геле, пренесе Фокус.
Тој учествуваше и во насилствата во Собранието, на 27 април каде што меѓу првите го нападна лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој и за време на апсењето ја носеше јакната со ликот на Мијалков, а во јавноста стана познат и со морбидните стихови преку кои му порача на Заев дека му нашол поп и му ископал гроб.
Денес кривичниот суд треба да ги соопшти одлуките за преостанатите предмети поднеси од СЈО меѓу кои е и Никола Груевски за кого Катица Јанева бара притвор.
Слично
