Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТВРДОКОРНИ ПОВИКУВААТ МАКЕДОНЦИТЕ ДА СЕ РАЗБУДАТ: Целта на Грција е да се избрише идентитетот на македонскиот народ

ТВРДОКОРНИ ПОВИКУВААТ МАКЕДОНЦИТЕ  ДА СЕ РАЗБУДАТ:  Целта на Грција е да се избрише идентитетот на македонскиот народ

Во позадина на барањето на Република Грција не е ,,безглавото‘‘ настојување нашата земја да се одрече од терминот Македонија. Напротив целта на Грција е да се задржи форма на името Македонија како географска одредница, а да се избрише идентитетот на македонскиот народ и неговиот јазик, кои не треба да постојат, сметаат од Здружението Тврдокорни.

„Според нив во регионот Македонија во Грција се ,,вистинските‘‘ Македонци со ,,античко‘‘ потекло,  а ние северниот сосед, како милуваат да не нарекуваат , со Заевото себе бришење  ќе станеме сè, само нема да си останеме Македонци по род, ќе нè замени со ,,доселени‘‘ Словени кои треба ,,да се вратат‘‘ зад Карпатите. Само слепите не можат да видат дека уште наредниот ден Република Грција од ,,прогонувана ‘‘ ќе стане прогонител и аспирант врз земјата која до вчера и претставуваше ,,смртна опасност‘‘.  Настапувајќи со ставот дека и територијата на Република Македонија во антиката била ,,нивна“.  Ваквата незрела политика на Грција и нејзините поддржувачи води кон крајна дестабилизација на регионот и многу пошироко, затоа што без разлика на изнасилените решенија македонскиот народ многу добро знае кој е и што е,  а и другите исто така, и повеќе од сигурно е дека на никој нема да му успее било какво „црно сценарио“ во кое  тој е исклучен од решенијата кои се однесуваат на него. Диригираниот пак циркус или театар на отворено во Солун на националисти и претставници на Грчката црква кои по никоја цена ,,не сакаат ‘‘ име за северниот сосед кое ќе го содржи терминот Македонија  е само лукаво смислена стратегија наменета за дефокусирање на јавноста која треба да го расчисти патот на погоре изнесеното, за да по извесно време ,,попуштат‘‘ и се ,,согласат‘‘ за да на нашите неупатени Македонци им ,,олесни‘‘ и се согласат дека е решение ако сме го задржале терминот Македонија во некакво хибридно име,  па и по цена на договарање на некаков нов идентитет за македонскиот народ!“ – велат од Тврдокорни.

Од Тврдокорни имаат јасен став, нема преговори за името на нашата држава Република Македонија , никакви референдуми за изјаснување за промена на нашето вековно име, стоп за институционалното насилие со наметнување на двојазичноста на цела територија.

„Ако е безначајна промената на нашето име зошто тогаш толку се инсистира на негова промена во услови кога има етаблиран политички пример од овој вид како што е случајот со Северна Ирска и Велика Британија. Република Ирска го задржа името Република Ирска, додека северниот дел од Ирска како Северна Ирска се приклучи кон Обединетото кралство. Проблемот на нивната членка Република Грција со нашето име Европската дипломатија може да го реши со истата формула : Република Македонија и Јужна Македонија како географска одредница во рамките на Република Грција како јасно разграничување на овој регион од Република Грција од државата Република Македонија“ – велат од Тврдокорни.

Според нив, намерата за преименување на автопатот во ,,пријателство‘‘ е еден срамен предавнички чин кој тенденциозно задира во идентитетот и чувствата на македонскиот народ од една страна,  а од друга страна како гест максимално го стеснува просторот за меѓусебно разбирање со грчкиот народ.

„Апсурдно е најславниот војсководец на сите времиња и најголемиот обединител да биде пречка меѓу двата народи и тоа во неговата родна земја - Македонија! Ако војничкиот Рим се водеше по идејата РАЗДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ, Александровата империја имаше обединителна димензија чија идеја беше : ОБЕДИНИ ПА ВЛАДЕЈ ! Оттаму Александровата идеја за обединет свет сама по себе е вградена во основното начело на христијанството односно православието : ДА СЕ САКАМЕ ЕДНИ СО ДРУГИ И ДА ИСПОВЕДАМЕ ВО ЕДНОМИСЛИЕ  што е дијаметрално спротивно на римското - раздели па владеј. Ако Рим ја порази Македонија војнички , христијанството е тоа што го победи Рим и токму македонското прашање денес и притисокот врз Македонија ја отвара дилемата околу технологијата на владеење на протагонистите и наследниците на војничкиот Рим, кои следејќи ги лошите примери од минатото до ден денес го применуваат истото начело - раздели па владеј подржувајќи го нивното првоначално чедо на европско тло, во поновата историја наречено Грција, за сметка на нашето вековно постоење како Македонци“ –додаваат од Тврдокорни.

Од Тврдокорни велат дека со години се прават чекори кои се на штета на македонскиот народ, како приватизација, прифаќање  на референцата ФИРОМ, менување на знамето, давање државајнства на Албанци од Косово,  територијалната поделба и слично.

„Катастрофалните и погубни отстапки на македонските политичари – предавници , се природна последица на нивната корумпираност, или со јазикот на црквата кажано желбата за пари како најголемо зло и се разбира нивната нескротлива желба за моќ. Она што на македонскиот народ му се прави од домашните квислинзи и надворешните непријатели е злостор против човештвото кој македонскиот народ без оглед на наметнатите земски и принудни решенија како и многупати низ својата историја ќе ги преброди, надмине и казни. Тие се дела кои не застаруваат и секогаш се памтат. Предавства , предавства до кога?“ – прашуваат од Тврдокорни.

Сметаат дека со обидот за воведување на двојазичност на цела територија на Македонија намерата на владејачката гарнитура е јасна - да се остане на власт по секоја цена и да им се испорача на албанскиот електорат ветеното и затоа без никаква основа, хазардерски и изнасилено се прави обид за да се инсталира албанскиот јазик на цела територија на Република Македонија, создавајќи така услови за зголемување на општествените и меѓуетничките тензии кои неминовно водат кон дезинтеграција на општеството, нарушување на унитарноста на државата и на крај губење на тешко стекнатата државност.

Од Тврдокорни велат дека во иднина ке сторат сè што е потребно македонскиот народ да се разбуди, крене и организира во конечна борба против македонска политичка елита од коалицијата СДС- ДПМНЕ, која  27 години го уништува, ограбува, сопствениот македонски народ. Додаваат дека ќе вложат напори да го спречат сето ова разнебитување дури и со граѓанска непослушност.

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести