„Тврдина 2“: Каде се уништени материјалите од УБК?
Првите тројца сведоци во случајот „Тврдина 2“ потврдија дека по претходна наредба со две службени возила на МВР во тајната база наречена „Брест“, кај Петровец, скопско, уништиле материјали кои биле од УБК.
Tие биле ставени во црни кеси. За содржината на уништениот материјал тие рекоа не знаат за што станува збор, а за самата постапка на ништење рекоа дека е изведена по претходна наредба на нивните претпоставени. Во случајов нивни претпоставени се Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се во бегство.
Сведок во постапката „Тврдина 2“ е поранешен агент, Никола Бошковски, кому исто како и на неговиот шеф Грујевски, според денешната одлука на Судот, ќе им се суди во отсуство.
Судењето за „Тврдина 2“ трае , но во моментот јавноста е исклучена поради презентирање на доверливи докази.
7 лица се обвинети за палење службени документи поврзани со нелегалното прислушување. Првообвинет е Грујевски кому му се суди во отсуство затоа што е во бегство откако Апелацискииот суд потврди дека тој треба да биде спроведен во затворот во Шутка.
