ТВИТОТ НА ЗАЕВ ЈА НАЛУТИ ОФИЦИЈАЛНА АТИНА: Ја нема придавката „северна“
Премиерот Зоран
Заев следејќи го натпреварот меѓу Македонија и Холандија, во понеделникот на
својот профил на Твитер објави објави дека во друштво на неговиот холандски
колега Марк Руте ги бодри маледонските репрезентативци, што предизвика лутина
кај официјална Атина.
Во твитот на Заев пишува:
-Денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација. Благодарност до холандскиот премиер Марк Руте за поканата заедно да го следиме натпреварот. Без разлика на резултатот од мечот, од денес МКД и NED се уште поблиски.
По ваквата објава портпаролката на грчката Влада, Аристотелија Пелони го предупреди премиерот дека го крши Преспанскиот договор кога го спомнува „македонскиот фудбалски тим“, без да ја користи придавката „северна“.
– Бараме целосно спроведување на Преспанскиот договор во духот во кој е потпишан. Го повикуваме господинот Заев да се воздржи од ширење реторика на поделби, особено во чувствителни прашања како што е фудбалот. Во секој случај, спроведување на догоорот е еден од критериумите за приемот на таа земја во Европската Унија, изјави Пелони.
