Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТВ-дебата: Пендаровски ќе се повлече од политиката ако загуби на изборите

ТВ-дебата: Пендаровски ќе се повлече од политиката ако загуби на изборите

Стево Пендаровски на крајот од денешната ТВ-дебата на Алсат во која учествуваа сите кандидати за претседател на Македонија рече дека ќе се повлече од политиката доколку втор пат по ред загуби на претседателските избори.

- Доколку загубам ќе се повлечам од политиката бидејќи сигурно ќе немам толку нерви - најави Пендаровски.

Гордана Силјановска Давкова во дуелот го спореди противканидатот за претседател на Македонија со бугарскиот премиер Бојко Борисов и рускиот претседател Владимир Путин.

- Колку тој има години во неговата кариера толку позиции има променето. Досега имало само двајца челни државни функционери во Европа кои претходно биле во оперативно-безбедносните структури - Бојко Борисов и Владимир Путин - рече Силјановска.

Таа му забележа дека додека Пендаровски и актуелната васт преговарале за Преспанскиот договор дозволиле да бидеме принудени во иднина Солун официјално да го пишуваме како „Тесалоники“, исто како и другите грчки топоними.

- Тоа  е договорено за да ја постигнеме спогодбата од Преспа, но исто така и во Грција ќе се пишуваат нашите топоними па така Битола ќе мора да ја пишуваат така како што е кај нас - истакна Пендаровски.

Третиот кандидат за претседател Блерим Река праша како Пендаровски дозволил Имер Селмани да биде дел од неговата кампања кога тој своевремено бил вицепремиер во Владата на Никола Груевски.

На ова Пендаровски му одговори дека Селмани бил само говорник на неговата конвенција и дека ставовите на Река често кореспондираат со оние на Силјановска. Пендаровски на двајцата им забележа дека ликуваат на тоа ако Македонија не добие Датум за преговори од Европската комисија во јуни.

Силјановска побара од Пендаровски да го распушти Ѓорѓи Галетановски од изборниот штаб затоа што ја навредил дека е „за во Бардовци“ а претходно ветил дека нема да толерира навреди.

- Чомбе е теренски активист, не ми ја води кампањата - одговори Пендаровски.

Слично

Поврзани вести