Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТВ Алфа најде замена за Васко Ефтов

ТВ Алфа најде замена за Васко Ефтов

Васко Ефтов не е повеќе директор на националната ТВ Алфа.  На негово место доаѓа познатиот режисер и продуцент Јани Бојаџи.

Преку соопштение до јавноста телевизијата му се заблагодари на досегашната соработка на Ефтов, кој во својот едногодишен менаџерски мандат, според нив бил целосно вложен и ангажиран за стабилизација и развој на телевизијата.

„Менаџментот на АЛФА СКОП донесе одлука за нов управител да биде именуван Јани Бојаџи, познат македонски режисер и продуцент, за кој се надеваме дека со својот квалитет и професионално искуство ќе постигне големи успеси и натамошен развој на телевизијата“, стои во соопштението на телевизијата за јавноста.

Инаку, режисерот Јани Бојаџи е автор на филмот „Ругање по Христос“, филм кој според  Министерството за култура беше скандалозен.

Слично

Поврзани вести