Тужбите – причина за пад на профитот на Дојче Банк за околу 50 отсто
Значајно опаднале приходите на Дојче Банк, односно падот на нето профитот е околу 50 отсто во вториот квартал од годината, објавија од овој германски кредитор. Ваквиот резултат банката го објаснува со фактот што дел од нивните средства морале да бидат издвоени за тужби.
Приходите опаднале на 335 милиони евра (445 милиони долари) од 666 милиони евра во истиот период лани. Најнискиот профит е намален, и тоа не на мал начин, со трошоците за тужбите против компанијата.
Кредиторот продолжи да се соочува со законски предизвици поврзани со американските хипотекарни обврзници и скандалот со местење на основната камата стапка од неколку банки. Дојче Банк исто така објави дека на страна тргнале дополнителни 630 милиони евра за да ја покријат загубата од тужбите, со тоа што вкупната сума изнесува 3 милијарди евра.
Слично
